Како да направите самопреглед на дојки?

Meri Simonovska Уредено од: Мери С.

Самопрегледот на дојки е скрининг техника која можете да ја правите дома, пред или по бањање, пред огледало. Редовен самопреглед на дојките ќе Ви помогне навремено да препознаете било каква промена, во обликот, големината и текстурата на вашата дојка.

ПРИ БИЛО КАКВА ЗАБЕЛЕЖАНА ПРОМЕНА ОД ВАША СТРАНА КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ МАТИЧЕН ДОКТОР.

Внимавајте, самопрегледот НЕ Е ЗАМЕНА  за редовната мамографија, за која ќе зборуваме во друг натпис. Студија во 2022 година покажа дека од 462 маси на дојка, 96% од канцерозните промени се токму самооткриени грутки од еден редовен самопреглед. Впрочем дојката е специфична кај секоја жена и самопрегледот е со цел да се запознаете со Вашите дојки, кај кои и први ќе забележите било каква промена.

Чекори за самопрерглед

Визуелен преглед

Наредните чекори ќе Ви помогнат во водењето на самопрегледот.

  1. Застанете соблечени од половината нагоре пред огледало, со рацете поставени на колковите
  2. Обрнете внимание на:
    • промена во големина, форма и симeтрија
    • промена на кожата
    • промена на брадавиците

Проверете за овие промени со рацете поставени на колковите, повторете со рацете поставени позади главата и повторно повторете со кревање на едната па на другата рака

Физички преглед

По завршувањето на визуелниот преглед, следете ги следните чекори за завршување на Вашиот самопреглед.

  1. Со целата површина на Вашите прсти, проверети ги дојките во легната положба, истото повторете го додека се бањате. Водата и сапунот ќе Ви помогнат слободно да движите со прстите по кожата.
  2. Не брзајте! Употребувајте различен притисок. Напипувајте ја Вашата дојка со кружни движења почнувајќи од брадавицата.
    kruzni dvizenja
  3. Полека движите кон клучната коска, блиску до пазувите. Поставете една рака над главата и со спротивната напипкајте ја Вашата дојка. Повторете го истото за другата дојка.
    движење кон клучна коска
    масирајте
  4. За крај, нежно притиснете ги Вашите брадавици за да проверите за исцедок.

Дали постои некаков ризик од правењето на самопрегледот?

Не постои медицинско докажан ризик од правењето на самопрегледот на дојка. Напипувањето на грутка при прегледот, може да биде алармантно, но мнозинството на грутки на дојка не се малигни. Доколку осетите било што различно при самопрегледот, консултирајте се со Вашиот матичен доктор.

Најчесто поставувани прашања

Како се чувстввува грутка на допир?

Доколку испипате грутка, таа нјачесто ќе биде потврда во споредба со другите делови на дојката. Некои жени со потврди или цистични дојки може да искусуваат грутки. Внимавајте! Конзистенцијата на дојката се менува низ менструалниот циклус. 

Кога да го правам самопрегледот?

Најдобро е да го правите самопрегледот неколку дена по завршување на менструалниот циклус. Хормонските промени можат да влијаат на големината и конзистенцијата на дојката, затоа најдобро е да го правите прегледот кога дојката е во мирен стадиум. ЗА жени кои немаат менструален циклус најдобро е да си одредат ден во месецот, на пример првиот ден во месецот.

Зошто чувствувам болка кога ја притискам дојката?

Има повеќе причини за да чувствувате болка при притисок. Болката може да се должи на хормонални промени, цисти на дојка, повреди. Консултирајте се со Вашиот доктор за да ја утврдите вистинската причина.