Најчестно ветувањата кон самите себе кои ги носиме за новата година не траат подолго од Февруари, а позади ова најчесто има две причини.
Првата е бидејќи не сме поставиле доволно јасни и специфични цели туку нешто генерално како што е „да намалам вишок килограми“ или „да почнам со здрав живот“. Втората е дека очекуваме да не успееме уште од самиот почеток бидејќи не сме успеале претходните години.
За оваа година да биде различна од претходните години разгледајте ги советите подолу и пробајте да искористите неколку кои ќе ги направите оваа година.

Зададете специфични цели
Најдобриот начин за создавање специфични цели е да ја тестирате вашата цел. Прашајте се дали целта која ја имате замислено може да се измери, да се достигне, дали има формулирано временски период и колку е важна за вас. Доколку едно од овие прашања ви останува неодговорено, направете адекватна промена. Наместо ветувањето кон себе да биде „Оваа година ќе ги намалам килограмите“ нека биде „Ќе намалам 5 килограми до Март“.
Бидете активни секогаш кога можете
Наместо да возите кола 5 минути до кафичот во кој се чекате со пријателите, излезете 10 минути порано и пешачете. Користете велосипед или пешачете секогаш кога не морате да возите кола и на тој начин ќе ја зголемите физичката активност преку целата година.
Јадете повеќе овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се полни со нутриенти како што се витамини, минерали и растителни влакна кои се одлични за вашето здравје бидејќи му помагаат на телото да се бори со разни заболувања и вируси. Идеално би било да конзумирате 5-8 порции на ден. Започнете го денот со овошно смути или свеж џус, а во текот на денот изедете уште неколку овошја и зеленчуци во форма на ужинки.
Одете во сала за вежбање што почесто
Откако ќе се запишете на некој аеробик часови или кога ќе се зачлените во теретана, одете колку почесто можете особено на почетокот. Едно истражување направено од Fitness Industry Association покажало дека од сите кои се зачлениле во нивната теретана, околу 30% од членовите оделе во теретана помалку од еднаш во неделата првиот месец и токму тие членови веќе не се појавиле во теретаната да вежбаат после третиот месец.
Започнете тренинг дневник
Секој кој редовно вежба треба да си води дневник за да знае што направил и колку е блиску до целта. Водењето дневник за многу луѓе е дополнителна мотивација која им помага полесно да ги постигнат посакуваните резултати. Водењето дневник исто така помага и следење на резултатите што дополнително ќе ве мотивира да продолжите со вежбање.
Внесувајте доволно течности
Зголемете го количеството на вода кое го внесувате секој ден. Тоа ќе ви помогне да не дехидрирате, а воедно и да не се чувствувате постојано гладни. Иако ладното време прави да не се осеќате многу жедни, сепак на вашиот организам му треба скоро иста количина на вода како и во летниот период кога е постојано топло. Пробајте да внесувате околу 1 милилитар вода со секоја внесена калорија од храна. На пример, доколку внесувате 2000 калории на ден, пробајте да внесете и 2000 милилитри вода.
Најдете спортска активност која навистина ви се допаѓа
Откријте за која физичка активност имате страст и почнете да вежбате. Доколку не знаете со сигурност што ви е најинтересно пробајте неколку опции пред да се одлучите. Одете еден месец на аеробик, јога, пилатес, на часови по танцување, во теретана, на пливање или пак трчајте и видете што ве прави најсреќни.