Simon S. Напишано од: Симон С. LinkedIn

Правилната исхрана и суплементирањето со витаминот Д, Ц, цинк и Б комплекс играат клучна улога во зајакнувањето на имуниот систем. Истражувањата покажуваат дека редовното внесување на суплементи за имунитет може да го намали ризикот од инфекции и да го подобри општото здравје. Суплементи како медицински печурки дополнително придонесуваат за зајакнување на имуниот систем. Овие најдобри витамини за возрасни се одличен избор за одржување на најдобар имунитет и здравје, особено кај оние кои сакаат да се заштитат од болести.

Имуниот систем се состои од комплексен збир на клетки, процеси и хемикалии кои константно го бранат нашето тело од патогени како што се вируси, тoксини и бактерии (1, 2).

Клучот за спречување на инфекции, зарази и болести преку цела година е одржување на здрав имун систем, а тоа може да се постигне со правење на правилни одлуки околу вашиот животен стил. Конзумирање на правилна храна која е полна со нутриенти, вежбање и доволно спиење во вечерните часови се трите најважни компоненти за зајакнување на имунитетот.

Покрај овие три клучни компоненти, истражувањата покажуваат дека внесувањето на суплементи може да ви помогнат да го зајакнете вашиот имун систем. Суплементирањето со витамини и минерали и други состојки имаат потенцијал да ве заштитат од разни болести.

најдобри суплементи

Витамин Д

Витаминот Д е есенцијален за правилно функционирање на имуниот систем на човекот. Тој ја зајакнува способноста на нашиот белите крвни клетки да се борат со патогени. Исто така, успешно намалува воспаленија во организмот и ја забрзува реакцијата на имуниот систем (3).

Малата количина на витамин Д во организмот е поврзана со зголемен ризик за развивање на инфекции на горниот респираторен тракт, грип и алергиска астма (4).

Во една рецензија на студии од 2019 година во кои учествувале 11321 испитаник кои внесувале витамин Д како суплемент потврдува дека испитаниците имале значајно намален ризик од респираторни инфекции кај испитаници кои биле дефицитарни и го намалува ризикот од секакви инфекции кај испитаници кои имале адекватно ниво на витамин Д (5).

Во зависност од нивото на крвта, дневната доза на суплемент од витамин Д би била меѓу 1000 и 4000 IU за повеќето луѓе, а за оние кои имаат преголем дефицит може да биде и поголема (4).

Цинк

Цинкот е минерал кои има огромна улога во правилното функционирање на имуниот систем. Тој е потребен за развивање на имунолошките клетки како и комуникацијата меѓу нив.

Недостатокот од овој нутриент значително ја ослабува способноста на имуниот систем да функционира оптимално, а со тоа се зголемува ризикот од инфекција и разболување како и шансите за пневмонија (6, 7).

Многу студии покажуваат дека суплементите кои содржат цинк може да помогнат да се заштитите од инфекции на респираторниот тракт и грип (8, 9).

Цинкот е исто така добар и за оние кои се веќе болни. Студија од 2019 година покажува дека 30 мг цинк на ден ја намалило инфекцијата на долниот респираторен тракт кај 64 деца, а со тоа им го намалила времето кое тие морале да го поминат во болница за 2 дена (10).

Цинкот е релативно безбеден и за долгорочна употреба доколку се почитува дневната доза која треба да биде помала од 40 мг (6).

Витамин Ц

Овој витамин е најпопуларниот суплемент кои се препорачува за заштита од инфекции поради важната улога која ја има во имуниот систем на човекот.

Витаминот Ц ја подобрува функцијата на повеќе имунолошки клетко и ја подобрува нивната способност да го заштитат телото од инфекции. Тој исто така има голема улога при разградување на мртвите клетки и нивна замена со нови клетки (11, 12).

Ц витаминот е силен антиоксидант што значи дека помага со оксидативниот стрес кој се случува со акумулирање на реактивни молекули кои се попознати како слободни радикали. Овој тип на стрес негативно влијае врз целосниот имун систем и неколку студии го поврзуваат како причинител за разни заболувања (13).

Суплементи кој содржат витамин Ц успешно го намалуваат времетраењето и јачината на инфекциите на горниот респираторен тракт вклучувајќи го и грипот (14).

Медицински печурки

Преку 270 видови на медицински печурки имаат позитивни ефекти врз имуниот систем на човекот (15).

Неколку од видовите печурки кои имаат позитивен ефект се: маитаке, шитаке, реиши, кордицепс и lion’s mane (16).

Во едно истражување кое траело 8 недели биле испитувани 79 возрасни индивидуи кои конзумирале екстракт од кордицепс печурките. Истражувањето покажало дека испитаниците имале 38% покачени специфични бели крвни клетки кои се задолжени за борба против инфекции (17).

Продукти направени од овие печурки може да се најдат во форма на чаеви, суплементи и масла (18, 19, 20, 21).

Б Комплекс

Б витамините вклучувајќи ги Б12 и Б6 се важни за правилно функционирање на имуниот систем.

Неколку студии покажале дека луѓето кои имаат дефицит на витамин Б имаат намален имун систем односно помалата количина на витамин Б во нивниот организам, негативно влијаела врз способноста на нивниот имун систем (22, 23).

Пред да се одлучите да внесувате суплементи, имајте на ум дека некои од нив може да имаат несакани хемиски реакции со одредени лекови. Затоа е најдобро да се консултирате со вашиот лекар пред да конзумирате било какви суплементи сами.

One Reply to “Пет најдобри суплементи за подобрување на имуниот систем”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *