Редовното вежбање е едно од најдобрите работи кои можете да ги направите за да го подобрите вашето здравје.

Позитивните резултати од вежбањето може да се видат многу брзо откако ќе почнете со физичка активност.

Сепак, вежбањето бара посветеност и огромна дисциплина на долгорочен план.

Почетокот е најчесто најтежок, доколку сакате да почнете со вежбање, но не знаете како, прочитајте го текстот подолу кој сигурно ќе ви биде од корист.

Зошто да почнете со вежбање?

Редовното вежбање е докажано дека има огромно позитивно влијание на вашето здравје. (1)

Најголемите позитивни влијанија од вежбањето се: постигнување и одржување на здрава телесна тежина, одржување н мускулна маса и намалување на ризикот од хронични заболувања (2, 3, 4, 5).

Исто така, научно е докажано дека вежбањето може да ви го подобри расположението, менталното здравје, да ви помогне да спиете подобро и да ви го подобри сексуалниот живот (1, 6, 7, 8).

Вежбањето исто така може и да ви ја зголеми енергијата (9).

Накратко, редовното вежбање може да ви го промени животот на подобро.

Како да почнете со вежбање

Пред да почнете со вежбање и спортување, многу е важно да ги земете предвид следниве работи.

Проверете го вашето здравје

Консултирајте се со вашиот доктор и направете испитување за вашата целокупна физичка состојба пред да почнете со вежбање.

Овој чекор е многу важен за оние кои не се навикнати на физички вежби како и оние кои се на возраст над 45 години.

Оваа проверка е важна бидејќи ќе забележи здравствени проблеми кои може да доведат до ризик од повреда при вежбањето. Исто така може да ви помогне во креирањето на оптимална физичка рутина.

Направете план со реални цели

Откако ќе одлучите да почнете со редовно вежбање, пробајте да направите план кој ќе има лесно достижни цели и ќе се состои од поедноставни чекори.

Најдобро за почеток е да поставите попристапни цели за покасно да ги зголемувате постепено како што ви се подобрува нивото на фитнес.

Пример: Доколку имате цел да истрчате 5 километри, почнете со пократки растојанија и постепено зголемувајте го истрчаното растојание додека не ја постигнете крајната цел.

Почнувајќи со поставување помали чекори не само што значајно ги зголемувате шансите за успех туку и ја одржувате мотивацијата на високо ниво со секој успешно поминат чекор.

Формирајте навика

Еден од главните компоненти за да успеете редовно да вежбате е да стекнете навика и да не отстапувате од истата.

Истражувањата покажуваат дека за многу луѓе е полесно редовно да вежбаат доколку вежбањето им стане навика. Еден од најдобрите начини за да се формира навика за редовно вежбање е со замена на некоја лоша навика (10).

Уште еден начин за полесно да се стекне навика за вежбање е со одредување на точно време во кое ќе вежбате секој ден.

3 Replies to “Како да почнете со вежбање: Насоки за почетници”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *