Најдобри природни засладувачи кои се добри за вашето здравје се:
- Стевиа
- Еритритол (Erytritol)
- Ксилитол (Xylitol)
- Јаконски сируп (Yacon Syrup)
- Екстракт од овошје од монах (Monk Fruit)
Во оваа статија:
Откажувањето од рафиниран шеќер може да биде многу тешко, но со оглед на тоа колку е штетен овој тип на шеќер навистина вреди да се откажете.
За среќа, неколку природни засладувачи се всушност добри за вашето здравје. Тие се ниско калорични, имаат ниско ниво на фруктоза и се многу благи.

Стевиа
Стевиа е многу популарен ниско калоричен засладувач.
Се произведува од листовите на растението наречено Stevia rebaudiana. Ова растение со векови се одгледува во Јужна Америка поради тоа што е благо и бидејќи се употребува во медицината.
Во листовите од стевиа има неколку благи компоненти, а најважните се стевиозид (stevioside) и ребаудиозид А (rebaudioside А) бидејќи се стотина пати поблаги од шеќерот. Тоа значи дека стевиата е многу блага, а е блиску до нула калории.
Неколку истражувања покажуваат дека стевиата има придобивки за нашето здравје и тоа:
- Стевиата може да го намали високиот крвен притисок кај оние кои имаат хипертензија за 6-14%, но нема ефект кај оние кои имаат малку покачен крвен притисок (1).
- Стевијата може да го намали нивото на шеќер во крвта кај луѓе кои имаат дијабет (1, 2).
- Неколку студии направени врз стаорци покажале дека стевиата може да ја подобри чувствителноста кон инсулин, да го намали лошиот холестерол и да го намали таложењето на плакети во артериите (3, 4).
Стевиата е еден од најздравите засладувачи и најдобар избор доколку уживате во јадење и пиење благи работи.
Еритритол (Erytritol)
Еритритол е алкохолен шеќер кој е присутен природно во некои овошја. Сепак, продуктите од еритритол кои се достапни на пазарот се најчесто направени со индустриски процес.
Еритритолот содржи 0.24 калории на еден грам односно 6% од калориите кои ги има во шеќерот задржувајќи 70% од благиот вкус.
Еритритолот има сличен вкус на шеќер, но остава забележлива нота откако ќе голтнете. Овој засладувач не предизвикува кревање на нивото на шеќер во крвта , нивоата на инсулин, нивото на холестерол и триглицеридите (5, 6).
Влегува во нашиот организам преку цревата и се исфрла преку бубрезите непроменет (5).
Неколку истражувања покажуваат дека еритритолот е безбеден и дека може да е поврзан со неколку здравствени придобивки. Една постара студија покажала дека еритритолот ја подобрува функцијата на крвните садови и ги штити од оксидативен стрес (7, 8).
Сепак, бидејќи е алкохолен шеќер има шанси да предизвика дигестивни проблеми доколку се конзумира преголема количина наеднаш особено ако се комбинира со друг виде на шеќер, како фруктоза (9).
Ксилитол (Xylitol)
Ксилитолот е исто така алкохолен шеќер со сличен вкус на обичниот шеќер. Содржи 2.4 калории во еден грам што е две третини помалку отколку обичниот шеќер.
Ксилитолот може да има некои придобивки за здравјето на забите бидејќи го намалува ризикот од кариес и расипувањето на забите (10).
Некои студии направени врз животни покажуваат дека ксилитолот може да ја подобри цврстината на коските и да помогне со спречување на појава на остеопороза (11).
Друго истражување покажало дека ксилитолот може да го подобри здравјето на вашите црева бидејќи го зголемува присуството на одредени состојки во нив кои позитивно влијаат на добрите бактерии кои живеат во цревата (12).
Овој засладувач не ги крева нивоата на шеќер во крвта и инсулинот, но бидејќи е алкохолен шеќер може да предизвика дигестивни проблеми доколку се земе во преголема количина (9).
Јаконски сируп (Yacon Syrup)
Јаконскиот сируп е уникатен засладувач.
Тој се произведува од растението Јакон (Yacon plant) кое расте во Јужна Америка. Овој засладувач стана популарен во последно време како суплемент кои ќе ви помогне да ги изгубите вишокот килограми.
Едно истражување направено врз жени со прекумерна телесна тежина покажало дека овој засладувач предизвикал забележително губење на тежината (13).
Јаконскиот сируп е исто така здрав бидејќи содржи фруктоолигосахариди (fructooligosaccharides) кои се растителни влакна што го подобруваат вашето здравје бидејќи ги хранат добрите бактерии во вашите црева (14).
Преголема количина внесена наеднаш од овој засладувач може да предизвика проблем со дигестивниот систем.
Екстракт од овошје од монах (Monk Fruit)
Овошјето од монах потекнува од југоисточна Азија и често се користи како природен засладувач наречен екстракт од овошје од монах.
Екстрактот нема калории и јаглехидрати, а некои истражувања покажуваат дека може да го подобри менаџирањето на нивоата на шеќер во крвта (15).
Овој засладувач содржи специфични антиоксиданти наречени могрозиди (mogrosides) кои ги намалуваат показателите на воспаленија (16, 17)
Некои истражувања покажуваат дека овој екстракт го забавува растењето на одредени канцерогени клетки (18, 19, 20).
Иако нема доволно истражувања за овој екстракт, се смета за безбеден за користење и не е поврзан со било какви несакани ефекти (21).