Интернетот е преполн со совети за како да ги намалите вишокот килограми, но не сите од нив се правилни и добри за вашето здравје. Премногу страни кои објавуваат совети кои ќе ви помогнат да ги намалите килограмите немаат никакви научни истражувања позади нив.
Сепак, постојат совети и стратегии кои се поддржани од истражувања на кои е докажано дека има ефективни начини за намалување на вишокот килограми.

Пијте вода, особено пред оброци

Пиењето вода помага во намалувањето на вишокот килограми со тоа што го забрзува метаболизмот за 24-30% за период од час до час и половина. Забрзувањето на метаболизмот го зголемува согорувањето на калории (1, 2).
Едно истражување покажало дека пиењето на половина литар вода, околу 30 минути пред оброк им помогнало на испитаниците да конзумираат помалку калории и да ја намалат телесната тежина за 44% за разлика од оние кои не пиеле вода пред оброци (3).
Јадете јајца за доручек
Јајцата се одлична храна за доручек.
Неколку истражувања покажуваат дека конзумирањето јајца за доручек наместо појадоци базирани на жито, ќе ви помогне да внесети помалку калории во наредните 36 часа како и да изгубите повеќе килограми и масно ткиво (4, 5).
Пијте кафе

Квалитетните кафиња се полни со антиоксиданси кои имаат огромни придонеси за здравјето.
Неколку истражувања покажуваат дека кофеинот во кафето може да го забрза метаболизмот за 3-11% и да го зголеми согорувањето на маснотии за 10-29% (6, 7, 8).
Пробајте да не додавате шеќер или други високо калорични состојки во кафето бидејќи ќе ги намалите придобивките.
Пијте зелен чај
Слично како кафето, зелениот чај има бројни придобивки, а една од нив што помага при губење на вишокот килограми.
Зелениот чај содржи мала количина на кофеин, но е преполн со специфични антиоксиданси (катехини – catechins) кои работат заедно со кофеинот и го подобруваат согорувањето на маснотиите (9, 10).
Иако студиите покажале различни резултати, поголемиот дел од нив покажуваат дека зелениот чај може да ви помогне да ги намалите вишокот килограми (11, 12).
Намалете со шеќерот
Додавањето шеќер во пијалоци и храна е лоша навика која е присутна во многу модерни диети.
Многу истражувања покажуваат дека конзумирањето на шеќер и сируп од пченка со високо ниво на фруктоза го зголемува ризикот за тип 2 дијабетис, срцево заболување и прекумерна телесна тежина (13, 14, 15).
Ако сакате да намалите со шеќерот, проверувајте ги состојките на храната која ја конзумирате бидејќи многу продукти кои се рекламираат како „здрави“ имаат додадено шеќер во нив.
Правете аеробни вежби
Аеробните вежби се одличен начин да согорите повеќе калории и да го подобрите вашето здравје.
Аеробните вежби се особено ефективни за намалување на масното ткиво околу стомакот и масните ткива кои се таложат околу органите и предизвикуваат метаболички заболувања (16, 17).
Кревајте тегови
Еден од најлошите ефекти при држењето диета е тоа што може да предизвика намалување на мускулното ткиво и да го забави метаболизмот (18, 19).
Најдобриот начин за да се спречи овој лош ефект е да правите тренинзи со отпор односно кревање тегови. Неколку истражувања покажуваат дека кревањето тегови го забрзува метаболизмот и го спречува губењето на мускулна маса (20, 21).
Спијте убаво
Спиењето е често потценето, а е исто важно како и здравата исхрана и вежбањето.
Многу студии покажуваат дека недостатокот од добар сон е една од причините за прекумерна телесна тежина. Недостатокот од убаво спиење е поврзано со 89% зголемен ризик од здобивање со прекумерна телесна тежина кај децата и 55% кај возрасните (22).
2 Replies to “Осум совети за полесно намалување на вишокот килограми”