Стресот е дел од секојдневието на секој човек. Не е возможно постојано да се избегнуваат стресни моменти особено денес кога животот се одвива многу побрзо и сите некаде се брзаат.

Иако повремениот стрес е неизбежен тој може да премине во хроничен стрес кој има сериозно последици за вашето здравје. Всушност хроничниот стрес го зголемува ризикот за срцеви заболувања и депресија (1, 2, 3, 4).

Справувањето со стресот не е лесно, затоа е многу важно да ги употребите сите достапни алатки, а една од тие алатки е храната која ја внесувате.

справите со стресот

Прашок од матча

Matcha Powder High Quality From Thailand - Buy Matcha Powder,Japanese Matcha  Powder,Matcha Powder Premium Grade Product on Alibaba.com

Овој прашок од зелен чај е многу популарен и корисен бидејќи содржи голема количина на Л-теанин (не-протеинска амино киселина) која има одлична способност да го намали стресот.

Матча е подобар извор на амино киселини од другите зелени чаеви бидејќи е направен од листови од зелен чај кој е растен во сенка. Овој процес на растење на растението ја зголемува концетрацијата на неколку здрави состојки вклучувајќи ја и амино киселината Л- теанин (5).

Едно истражување покажува дека чајот од матча помага со намалување на стресот доколку количината на Л-теанин е голема , а количината на кофеин е намалена. Друга студија која е извршена врз 36 лица кои јаделе колачиња со 4.5 грама прашок од матча секој ден, покажала дека стрес маркерите на овие лица биле значително намалени во споредба со плацебо групата (6, 7).

Швајцарска блитва

Rainbow Swiss Chard Information, Recipes and Facts

Швајцарската блитва е богата со нутриенти кои помагаат да се справите со стресот.

Само 175 грама од овој зеленчук содржи 36% од потребната дневна количина на магнезиум што е минерал кој му помага на нашиот организам да се справи со стресот (8, 9).

Ниски нивоа на овој минерал се поврзани со проблеми како што е анкциозност и панични напади. Хроничниот стрес многу брзо ги троши резервите на магнезиум во нашето тело и затоа е важно да се внесува храна богата со овој минерал (10).

Слатки компири

Sweet potatoes: Health benefits and nutritional information

Слатките компири се богати со нутриенти и јаглехидрати кои успешно ги намалуваат нивоата на стрес хормонот кортизол (11).

Едно истражување кое траело осум недели и вклучувало жени кои имале прекумерна телесна тежина покажало дека оние кои биле на диета која била составена од непроцесирана храна полна со нутриенти и јаглехидрати имале значително помали нивоа на кортизол од оние кои биле на стандардна диета со рафинирани јаглехидрати (12).

Слатките компири се одличен избор за храна која е непроцесирана и богата со јаглехидрати. Тие се полни со важни нутриенти како што се витамин Ц и калиум (13).

Кимчи

Vegan Kimchi Recipe (Easy & Homemade) - Bianca Zapatka | Recipes

Кимчи е всушност ферментиран зеленчук кој најчесто се прави од зелка и даикон (вид на ротквица). Ферментираните зеленчуци како што е кимчи се полни со добри бактерии кои се викаат пробиотици, а исто така имаат голема количина на витамини, минерали и антиоксиданси (14).

Една студија која била направена врз 710 испитаници покажала дека оние кои јаделе ферментирани зеленчуци често имале помалку симптоми на анкциозност (15).

Многу други истражувања покажуваат дека ферментираните зеленчуци кои се богати со пробиотици како кимчи имаат позитивни ефекти врз менталното здравје. Тие влијаат на расположението бидејќи се во директен контакт со добрите бактерии кои живеат во нашите црева (16).

Јајца

How To Make Perfect Hard-Boiled Eggs - Once Upon a Chef

Јајцата се полни со нутриенти вклучувајќи витамини, минерали, амино киселини и антиоксиданти кои се потребни за здрав и брз одговор кон стресот.

Јајцата се богати со холин што е нутриент кој има значителна улога за здравјето на мозокот и може да го заштити од стрес. Неколку истражувања направени врз животнипокажуваат дека суплментите со холин може да помогнат со справувањето со стресот и да го подобрат расположението (17).

Магдонос

Parsley

Магдоносот е полн со антиоксиданси кои се молекули што помагаат во неутрализацијата на слободните радикали и го заштитуваат нашиот организам од оксидативен стрес.

Оксидативниот стрес е поврзан со многу болести и психички заболувања како што се депресијата и анкциозноста. Многу истражувања покажуваат дека антиоксидансите може да спречат да дојде до заболување како што е анкциозноста (18).

Храната богата со антиоксиданси може да помогне со намалување на воспаленијата кој се честа појава кај луѓето со хроничен стрес (19).

Семки од сончоглед

5 health benefits of sunflower seeds you should know about | The Times of  India

Семките од сончоглед се одличен извор на витамин Е. Овој витамин е моќен антиоксиданс и е многу важен за менталното здравје.

Неколку студии алудираат дека ниските нивоа на витамин Е се поврзани со променливо расположение и депресија (20).

Овие семки исто така имаат и голема количина на други нутриенти кои исто така ви помагаат да се справите со стресот како што се магнезиум, манган, селен, цинк, витамин Б и бакар (21).

One Reply to “Храна која помага да се справите со стресот”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *