Најдобрите витамини и суплементи за повеќе енергија се следниве:
- Коензим Q10 (CoQ10)
- Витамин Б12
- Железо
- Цитрулин
- Мелатонин
- Кофеин со Л-теанин
- Креатин
Во оваа статија:
Нивото на енергија најдобро се одржува со правилна исхрана, редовно вежбање и доволно спиење во текот на ноќта.
Бидејќи не секогаш е возможно да се придржуваме до овие три работи постојат суплменти кои може да ви го кренат нивото на енергија.
На листата што следи има 7 природни витамини и суплементи кои може да ви помогнат да ја кренете енергијата.

Коензим Q10 (CoQ10)
Овој коензим се креира природно во нашето тело.
Тој е присутен во сите клетки во нашето тело, а најмногу е присутен во срцето, бубрезите и црниот дроб. Клетките го користат овој коензим за да се заштитат од оксидативен стрес (1, 2).
Кога нивоата на CoQ10 ќе паднат, клетките во нашето тело не можат да произведат енергија која им е потребна за да растат и да останат здрави што може да доведе до замор (3).
CoQ10 го има во рибата, месото и јаткастите плодови, но не е во доволно големо количини за значително да го зголеми нивото во вашето тело (4).
Затоа подобар избор е да се конзумира суплемент со коензим Q10 кој може значително да ги подобри енергетските нивоа кај луѓе кои имаат намалено ниво на CoQ10. Луѓето кои имаат нормални нивоа од овој коензим нема да приметат разлика во енергетските нивоа (5).
Витамин Б12
Витаминот Б12 заедно со другите Б витамини помага при трансформацијата на храната во енергија која може да се користи од нашите клетки. Исто така има функција и во одржување на здравјето на нервниот систем и крвните клетки и помага при спречување на анемија што може да направи да се чувствувате уморни и слаби (6).
Витаминот Б12 е природно присутен во месото, рибата и млечните производи, а постојат и многу продукти кои се засилени со Б12 што помага на многу луѓе да ја постигнат дневната потреба од Б12 (7).
Луѓето кои имаат недостиг од овој витамин може да земат суплементи кои значително ќе ви ја зголемат енергијата и ќе го намалат ризикот од појава на анемија.
Железо
Железото е потребно за да се направи хемоглобин што е всушност протеин во црвените крвни клетки кој има за задача да го пренесе кислородот од белите дробови до органите и ткивата низ целото тело. Доколку имате ниски нивоа на железо, црвените крвни клетки нема да можат ефективно да пренесат кислород. Како резултат на тоа се јавува анемија која ќе направи да се чувствувате слабо и уморно (8).
Иако железото е потребно за правилно функционирање на вашиот организам, суплементите кои содржат железо може лесно да предизвикаат негативни последици. Затоа најдобро е да се консултирате со доктор пред да почнете со користење на суплементи (9, 10).
Цитрулин
Цитрулинот го зголемува азотниот оксид во телото кој ја подобрува циркулацијата во телото со тоа што прави внатрешните мускули на крвните садови да се прошират. Ова и овозможува на крвта да ги пренесе нутриентите и кислородот до секое ткиво во телото. Кога нивоата на азотен оксид се мали, способноста за пренос на потребните нутриенти то секое ткиво е намалена што може да доведе то недостаток на енергија и физичка слабост (11, 12).
Бидејќи цитрулинот го зголемува азотниот оксид во телото, суплментите од цитрулин може да помогнат со зголемување на енергетските нивоа со тоа што ќе го зголемат присуството на кислород и нутриенти во клетките на телото (13, 14).
Цитрулинот исто така има улога и во отстранувањето на амонијак од телото. Креирањето на амонијак помага побрзо да се уморите и најчесто се случува при интензивно вежбање.
Цитрулинот може да го намали уморот кој настанува од интензивно вежбање што ќе ви овозможи да вежбате подолго (15, 16).
Една студија покажала дека испитаниците кои земале суплементи со цитрулин успеале да завршат тест со возење точак за 1.5% побрзо од оние кои не земале суплемент. Исто така групата која земала цитрулин пријавила дека е помалку уморна и побрзо закренувала (17).
Мелатонин
Мелатонин е хормон кој помага со спиењето. Се произведува во нашето тело во текот на денот со тоа што навечер производството е зголемено, а наутро намалено.
Земањето на суплементи со мелатонин може да ви помогне доколку имате несоница (18).
Хроничната несоница може да направи да бидете константно уморни и да немате енергија. За луѓе кои имаат симптоми на хронична несоница, суплементирањето со мелатонин се покажало ефикасно бидејќи им ја зголемило концентрацијата и енергетските нивоа а притоа го намлила уморот (19, 20, 21).
Кофеин со Л-теанин
Кофеинот често се конзумира бидејќи има способност да ги крене енергетските нивоа. Кофеинот е присутен во кафето, чајот, какото, енергетските пијалоци и некои газирани пијалоци (22).
Иако има способност да ги крене енергетските нивоа, многу луѓе избегнуваат да конзумираат кофеин бидејќи ги прави да се чувстуваат нервозни, раздразливи и немирни откако ќе помине енергетскиот ефект (23).
Кога ќе се земе во комбинација со Л-теанин, овие несакани последици се избегнуваат. Л-теанин е амино киселина која помага да се опуштите без да бидете поспани (24).
Неколку истражувања покажале дека комбинирањето на кофеин со Л-теанин ја подобрува меморијата и времето на реакција, а во исто време го намалува заморот и психичкиот умор (25, 26, 27, 28).
Креатин
Креатинот е супстанца која може да се најде во црвеното месо, рибата, свињското месо и живината. Креатинот е извор на брза енергија за телото.
Осврт на 53 студии открил дека суплементите со креатин успеале да ја зголемат силата на испитаници кои вежбале на бенч клупа за 5%. Тоа значи дека само со земање на креатин тие можеле да кренат 4 кг. повеќе ако почетната точка им била 80кг. (29).
4 Replies to “Седум најдобри витамини и суплементи кои ви даваат повеќе енергија”