Одењето и трчањето се одлична форма на кардифаскуларни вежби. Двете се еднакво добри за вашето здравје, а главната разлика во изборот би била вашата цел. Доколку сакате да потрошите повеќе калории и да ги намалите вишокот килограми побрзо, трчањето е подобар избор, а одењето е подобро доколку сакате да одржувате здрава тежина.

одење или трчање

Придобивки од кардио вежби

Одењето и трчањето се кардиваскуларни вежби или скратено кардио вежби. Кардио вежбите имаат придобивки за вашето здравје и придонесуваат во неколку области вклучувајќи:

  • одржување на здрава тежина и намалување на вишокот килограми
  • подобрување на имуниот систем
  • превенција и менаџирање на хронични заболувања
  • зајакнување на срцето
  • зголемување на кондиција и издржливост

Кардио вежбите се исто така добри и за вашето ментално здравје. Една студија покажала дека со само 30 минутно вежбање со среден интензитет три пати во неделата се намалила анкциозноста и депресијата кај испитаниците (1).

Дали одењето е подобро од трчањето?

Одењето ги има истите придобивки како и трчањето, но трчањето согорува скоро двојно повеќе калории.

За да изгубите околу 0.5кг потребно е да потрошите 3500 калории , ако целта вие е намалување на вишокот килограми трчањето е подобра и побрза опција.

Ако сега почнувате со вежбање и не можете да трчате, одењето може да ви помогне да ја постигнете посакуваната форма. Одењето можат да го изведуваат луѓе од скоро секое ниво на физичка спремност.

Одење или трчање за губење на вишокот килограми?

Одењето може да потроши сличен број на калории како и лесното џогирање доколку темпото на одење е 4.8км на час или побрзо. На пример, одење со околу 7км на час за еден час ќе согори сличен број на калории со трчање или џогирање со 7км на час.

Брзото одење е одлична вежба која може да ви помогне да потрошите повеќе калории иако не е ефективно како и трчањето. Како и да е, брзото одење има големи придобивки за вашето расположение, срцевата фреквенција и кондиција.

Одењето со тежински елек е исто така добра опција која ќе го зголеми бројот на калории кои ги трошите. Тежината на елекот треба да биде 5-10% од вашата вкупна тежина.

Одењето по угорница е исто така добра опција која ќе го зголеми бројот на потрошени калории. Пешачење по планина или на трака во теретана која има опција да се подигне за 5, 10 и 15% е одлична вежба која ќе ви помогне со намалување на вишокот килограми.

Предности и ризици

Трчањето е одлична вежба која ќе ви помогне побрзо да ја постигнете посакуваната форма и да ги изгубите вишокот килограми, но трчањето е вежба во која има силни удари особено на зглобовите на нозете и колената.

Ризикот за повреда при трчање е многу поголем отколку ризикот од повреда при одење. Ризикот од повреда при одење е меѓу 1 и 5 проценти, а ризикот од повреда при трчање е меѓу 20 и 70 проценти.

One Reply to “Одење или трчање – Што е подобро за вашето здравје?”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *