Simon S. Напишано од: Симон С. LinkedIn
|
Dr. Stefan Jovanov Проверено од: Д-р. Стефан Јованов LinkedIn

За да се спречи дехидрираност, треба редовно да се внесува вода, но и храна и пијалоци богати со електролити. Вода од кокос, чорби, лубеница, смути, млеко и цацики се одлични избори за рехидрација, бидејќи содржат потребни течности и хранливи материи кои помагаат во обновување на балансот во телото.

Table of Contents

Во оваа статија:

Сигналот дека сте жедни најчесто доцни што значи дека кога ќе се осетите жедни има големи шанси да сте малку дехидрирани.

Дехидрираноста се случува кога се трошат повеќе течности отколку што внесуваме. Има повеќе работи кои можат да доведат до дехидрираност како што се разни лекови, премор, топлина и вознемирен дигестивен систем. Дехидрираноста може да доведе да се чувствувате жедни, уморни, слаби, да имате вртоглавици, сува уста или да имате проблем со задржување на фокусот (1).

dehidriranje hrana

Најдобар начин да избегнеме дехидрираност е да пиеме доволно вода во текот на денот, но исто така можеме да внесуваме и друга храна и пијалоци.

Вода од кокос

Кога сме дехидрирани, на нашето тело не му е потребно само течност. Во повеќето случаи потребни му се и електролити кои се губат преку потењето и урината (2).

Електролитите се минерали во нашето тело кои се одговорни за неколку важни функции како што е балансот на течности и одржување на правилен срцев ритам. Неколку од најважните електролити се содиум, калциум, магнезиум и калиум.

Водата од кокос е одлична кога сме дехидрирани бидејќи содржи многу електролити како и вода и јаглехидрати. Една чашка од 237 мл со вода од кокос содржи 9% од дневната потреба од калиум и 45 калории (3).

Едно мало истражување покажало дека водата од кокос ги надополнува течностите кои се губат при вежбање со иста ефикасност како и спортските пијалоци, но многу од испитаниците пријавиле дека се чувствуваат подуено откако пиеле вода од кокос (4).

Доколку чувствувате гадење или повраќате, пијте ја водата од кокос полека бидејќи поголема количина наеднаш може дополнително да ви го вознемири желудникот (4, 5).

Чорби и супи

Чорбите и супите исто така имаат голема количина на вода и електролити. Оваа комбинација од вода и електролити за рехидрирање на телото е клучна (1, 6).

Чорбите од коски и други супи од животинско потекло дополнително содржат и колаген кој е протеин што ги одржува здрави нашите зглобови што е посебно важно доколку дехидрираноста е поради премор (7, 8, 9).

Во 237 мл говедска чорба има 6% од дневната потреба на фосфор, 9% од дневната потреба на калиум и 21% од дневната потреба на содиум (7).

Лубеница и диња

Овошјето и зеленчукот имаат голема количина на вода и се одличен начин да го хидрирате вашето тело (10).

Ова е особено точно за лубеницата и дињата кои се одличен избор доколку сте дехидрирани.

Околу 152 грама лубеница содржи околу 92% вода, а дињата има околу 90% вода (11, 12).

Лубеницата и дињата може да се чуваат во фрижидер што би помогнало доколку дехидратацијата се случила поради топлина.

Гаспачо

Гаспачо е супа од домати и други зеленчуци која е многу популарна во Шпанија и Португалија особено во летните месеци.

Главната состојка во гаспачо се доматите кои имаат околу 94% вода и околу 9% од дневната потреба од калиум во само 180 грама (13).

Калиумот е потребен во текот на денот за вашето тело полесно да меџира со крвниот притисок и да ве штити од срцеви заболувања (14, 15).

Смути

Пиењето смути е исто така одличен начин да внесете повеќе течности и да спречите дехидрираност.

Смути пијалоците се обично базирани на некоја течност како што е млеко, џус или леден чај комбинирано со овошја, зеленчуци, а понекогаш и со додадени протеини.

Смути пијалоците со бобинки имаат голема количина на витамин Ц што е одлично за вашиот имун систем, а особено важно доколку сте дехидрирани поради треска или инфекција.

Доколку стомакот ви е вознемирен, додадете ѓумбир или нане во смути пијалокот. Неколку истражувања покажале дека овие две состојки успешно се справуваат со гадење и помагаат на дигестивниот систем (16, 17, 18).

Млеко

Една чаша млеко содржи голема количина на течности, протеини, јаглехидрати и малку маснотии и е уште една одлична опција доколку сте дехидрирани.

Дел од главните хранливи материи и електролити во млекото се: вода, протеин, калциум, калиум и магнезиум. Исто така во млекото има и малку содиум што може да му помогне на телото да задржи повеќе течност (19, 20).

Еден експеримент во кој биле вклучени 72 мажи покажал дека млекото имало поголем ефект во хидрирање на телото од водата после 3-4 саати откако било конзумирано. Ова е поради хранливите материи и електролитите кои ги содржи млекото како што се лактоза, содиум и калиум кои ја успоруваат апсорпцијата на течности и го успоруваат процесот на исфрлање на течностите преку урината (20).

Цацики

Цацики сосот е составен од јогурт и краставици кои имаат огромна количина на вода. Јогуртот содржи околу 85% вода и има слични предности како и млекото. Исто така содржи и пробиотици кои се добри бактерии за нашиот дигестивен систем и црева. Краставицата исто така има околу 85% вода и помага при хидрирање на телото (21, 22).

One Reply to “Седум видови храна и пијалоци што помагаат при дехидрираност”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *