Сите знаеме дека редовното конзумирање овошје е одлично за нашето здравје.
Она што не го знаат сите е дека некои овошја се подобри и поздрави за конзумирање од други бидејќи се истакнуваат со уникатни предности.
Грејпфрут

Ова цитрусно овошје е едно од најздравите овошја во светот.
Грејпфрутот е одличен извор на витамини и минерали, а исто така има способност да помогне со губење на вишокот килограми и да ја намали отпорноста на инсулин.
Едно истражување во кое учествувал 91 испитаник покажало дека оние кои јаделе пола свеж грејпфрут пред оброците, успеале да намалат 1.3 кг за разлика од оние кои не јаделе грејпфрут. Истото истажување покажало дека инсулинот кај оние кои конзумирале грејпфрут бил намален како и отпорноста на нивниот организам кон инсулинот (1).
Исто така, одлична предност на грејпфрутот е способноста да ги намали нивоата на холестерол и да спречи формирање на камења во бубрезите (2, 3, 4).
Ананас

Ова тропско овошје е полно со здрави и корисни нутриенти. Само 237 мл ананас содржи 131% од дневната потреба за витамин Ц и 76% од потребата за манган (5).
Ананасот исто така содржи бромелаин. Тоа е микс од ензими кои имаат способност да спречат воспаленија и да помогнат со варењето на протеините (6).
Истражувањата покажуваат дека бромелаинот има способност да помогне со заштита на организмот од тумори и рак (7, 8).
Авокадо

Авокадото е различно од многу овошја бидејќи е овошје со голема количина на масти.
Мастите во авокадото се всушност моносатурирани масти кои имаат способност да намалат воспаленија и да го подобрат здравјето на срцето (9, 10).
Освен здрави масти, авокадото содржи и растителни влакна, магнезиум и калиум (11).
Во едно авокадо има 28% од дневната потреба на калиум кој може да помогне со намалување на крвниот притисок и ризикот од мозочен удар (12).
Боровинка

Нутритивниот профил на боровинката е многу богат со растителни влакна, витамин Ц, витамин К и манган (13).
Боровинката е многу богата со антиоксиданси кои може да го намалат ризикот од развивање на хронични болести како што е дијабетис, Алцхајмерова болест и срцеви заболувања (14).
Антиоксидансите во боровинката имаат и улога да го заштитуваат мозокот и да ја подобрат меморијата кај постарите луѓе (15, 16).
Боровинката има одличен придонес и за имуниот систем. Во една студија откриено е дека јадењето боровинки го зголемува бројот на бели крвни клетни во организмот кои се задолжени за одбрана на организмот од оксидативен стрес и вирални инфекции (17).
Јаболко

Јаболкото содржи огромна количина на растителни влакна, калиум, витамин Ц и витамин К како и мала количина на витамин Б (18).
Неколку студии покажуваат дека јаболките се полни со антиоксиданси кои имаат огромен придонес во срцевото здравје и го намалуваат ризикот од дијабетис, рак и Алцхајмерова болест (19, 20, 21, 22).
Јаболкото е богата и со пектин кој е пребиотик важен за добрите бактерии кои се наоѓаат во нашите црева и помагаат на организмот со варење на храната (23, 24).
Калинка

Калинките се полни со здрави нутриенти и имаат огромна количина на растителни состојки што се здрави за нашиот организам.
Научни студии покажуваат дека калинките имаат огромна количина на антиоксиданси и способност да спречат воспаленија со што го намалуваат ризикот од заболување од рак (25, 26, 27).
Јагоди

Јагодите содржат витамин Ц, манган, фолна киселина и калиум.
Бидејќи нивниот гликогенски индекс е низок, јагодите нема да предизвикаат големо покачување на шеќерот (28, 29).
Нивото на антиоксиданси кај јагодите е високо што ја зголемува нивната способност за спречување на хронични заболувања (30).
Истражувања врз животни покажале дека јагодите може да помогнат при спречувањето на развој на тумори и рак (31, 32).
3 Replies to “Седум овошја кои се одлични за вашето здравје”