Добро е познато дека зеленчукот е одличен за нашето здравје. Повеќето зеленчуци се нискокалорични, полни со витамини, минерали и растителни влакна.
Сепак, има некои зеленчуци кои се истакнуваат и се над другите бидејќи имаат повеќе здравствени придобивки од останатите, како на пример, способност да се борат со воспланија и да го намалат ризикот за болест.
Спанаќ

Еден од најздравите зеленчуци на планетата е спанаќот бидејќи има импресивен нутритивен профил.
Околу 30 грама спанаќ содржи 7 калории, 56% од дневната потреба на нашето тело од витамин А и целосната потреба од витамин К (1).
Спанаќот исто така содржи голем број на антиоксиданти кои помагаат со намалување на ризикот од хронични заболувања.
Една студија покажува дека спанаќот има голема вредност на бета-каротен и лутеин кои се антиоксиданти поврзани со намалување на ризикот од рак (2).
Друга студија од 2015 година покажува дека јадењето спанаќ може да го подобро здравјето на срцето и да го намали крвниот притисок (3).
Морков

Морковите се полни со витамин А. Само 128 грама моркови содржат 428% од дневната потреба од витамин А во телото (4).
Морковите исто така содржат бета-каротен кој им ја дава портокаловата боја и игра важна улога во превенцијата од рак (5).
Едно истражување покажало дека само една порција моркови неделно го намалува ризикот од рак на простатата за 5% (6).
Друго истражување покажало дека јадењето моркови го намалува ризикот за рак на бели дробови кај пушачи. Направена е споредба помеѓу пушачи кои јаделе моркови барем еднаш неделно и пушачи кои не јаделе моркови воопшто. Споредбата покажала дека оние кои не јаделе моркови воопшто, имале три пат зголемен ризик да развијат рак на белите дробови (7).
Морковите исто така се богати со витамин Ц, витамин К и калиум (4).
Брокула
Брокулата е богата со супстанца која содржи глукозинолат која е има сулфорафан кој значително придонесува во заштитата на нашето тело од рак (8).
Во едно истражување на животни, откриено е дека сулфорафанот успешно го намалил бројот и големината на канцерогени клетки и успешно го блокирал зголемувањето на туморот кај глувци (9).
Брокулата исто така може да помогне во превенцијата од други хронични заболувања.
Во студија направена пред 11 години година откриено е дека брокулата може да го заштити срцето од оксидативен стрес кој предизвикува заболување со тоа што успешно ги намалува оксидантите (10).
Покрај веќе наброените придобивки, брокулата е и многу богата со нутриенти.
Само 91 грам брокула содржи 116% од дневната потреба за витамин К, 135% од дневната потреба за витамин Ц и голем број манган, калиум и фолна киселина (11).
Лук
Употребата на лукот во медицината датира уште од древниот Египет и Кина (12).
Главната активна супстанца во лукот е алицин која е најзаслужна за здравствените придобивки на лукот (13).
Неколку истражувања покажале дека лукот го регулира шеќерот во крвта и го подобрува здравјето на срцето.
Истражување врз стаорци со зголемен шеќер потврдило дека нивото на шеќер во крвта се намалило додека пак чувствителноста на инсулин се зголемила откако стаорците конзумирале масло од лук (14).
Друго студија пак врз испитаници со и без срцеви заболувања покажало дека лукот успешно го намалил целосниот холестерол и триглицеридите , а во исто време го зголемил добриот холестерол (HDL холестерол) кај двете групи (15).
Прокељ

Прокељот е сличен на брокулата и има слични придобивки за здравјето. Тој содржи кеамферол кој е исклучително ефективен во превенција од оштетување на клетките (16).
Едно истражување покажало дека кеамферолот заштитува од слободни радикали кои нанесуваат оксидативна штета на клетките што доведува до хронични заболувања (17).
Јадењето прокељ е одлично и за детоксификација. Во истражување се покажало дека јадењето прокељ ги зголемило ензимите кои се одговорни за детоксификација за 15-30%. Зголемувањето на овие ензими го намалува ризикот за колоректален рак (18).
Прокељот е исто така многу богат со нутриенти. Секоја порција содржи огромна количина на витамини и минерали вклучувајќи витамин К, витамин А, витамин Ц, фолна киселина, манган и калиум (19).
Лисна зелка (Kale)
Само 67 грама лисна зелка содржи огромна количина на витамин Б, калиум, калциум и бакар. Целосната дневна потреба од витамин А, Ц и К е содржана во овие 67 грама (20).
Лисната зелка содржи голем број на антиоксиданти и затоа може да помогне со подобрување на здравјето на срцето.
Едно истражување од 2008 година кое било направено врз 32 машки испитаници со висок холестерол, покажало дека со пиење на 150мл џус од лисна зелка на ден, 12 недели, нивото на добар холестерол (HDL) се зголемило за 27% додека пак нивото на лош холестерол (LDL) се намалило за 10%, а антиоксидативната активност се зголемила (21).
Друго истражување покажало дека пиењето на џус од лисна зелка го намалува крвниот притисок и може да го намали шеќерот во крвта и холестеролот (22).
Ѓумбир

Коренот од ѓумбир се користи како зачин во различни јадења.
Повеќе истражувања покажале дека ѓумбирот ефективно се справува со гадење. При преглед на 12 истражувања во кој учествувале 1300 бремени жени се потврдило дека ѓумбирот значајно ги намалил симптомите на гадење споредбено со плацебо групата (23).
Ѓумбирот исто така има и силна способност да се бори со воспаленија како што е артритис (24).
Во едно истражување врз пациенти кои имале артроза се потврдило дека болката во колената и во другите делови од телото се намалила откако земале концетриран екстракт од ѓумбир (25).
Ѓумбирот исто така може да има и позитивни ефекти при справување со дијабетис. Во истражување направено во 2015 година се потврдило дека ѓумбирот ефективно го намалил шеќерот во крвта на испитаниците по 12 недели користење (26).
6 Replies to “Седум зеленчуци кои се одлични за вашето здравје”