Вежбањето со тежина не е само за оние кои сакаат да се натпреваруваат во бодибилдинг натпревари. Тоа е одлично и за рекреативци кои сакаат да почнат со вежбање. Вежбањето со тежина има многу придобивки кои влијаат позитивно на здравјето на нашето тело.

Самодоверба
Вежбањето со тежина ја крева самодовербата. Неколку истражувања покажуваат дека вежбањето со тежина има позитивно влијание врз менталното здравје на луѓето. Исто така истражувањата покажале дека редовното вежбање со тежина ја намалува анксиозноста, депресјиата и го зголемува чувството на среќа. (1, 2, 3)
Ве прави посилни
Вежбањето со тежина ја зголемува силата и моќта на мускулите без значително зголемување на мускулите особено кај жените. Со ова ќе ви станат полесни сите секојдневни физички задачи, а преку редовен тренинг ќе ја зголемите тежината која може да ја кренете. Вежбањето со тежина ќе ви помогне и да изгледате посилно, а исто така ќе ја подобри дефиницијата на мускулите и мускулната маса.
Ви помага со намалување на вишокот килограми
Вежбањето со тежина ќе ви помогне да согорите повеќе калории и да ги намалите вишокот килограми. Една студија покажала дека редовниот тренинг со тежина ви помага да согорите повеќе калории дури и откако ќе завршите со тренингот. Ова е наречено „after burn“ што значи дека вашето тело согорува калории неколку часа по вежбањето (4).
Вежбањето со тежина ја зголемува и мускулната маса, а мускулите природно трошат повеќе калории во текот на денот дури и без вежбање.
Ја подобрува работата на мозокот
Вежбањето со тежина му помага на мозокот да ја подобри когнитивната функција со тоа што се зголемува создавањето на хормони како што е хормонот IGF-1. Во едно истражување се покажало дека испитаниците со силен мозок кој е помалку подложен на негативните ефекти на стареењето имале зголемена сила во нозете (5).
Намален ризик од повреда
Вежбањето со тежина ги зацврстува коските и сврзните ткива. Со тоа се подобрува стабилноста и силата на целото тело што придонесува до намален ризик од повреда. Вежбањето со тежина исто така може да ги намали симптомите на болки во грбот, артритис, хронична болка и фибромијалгија (6, 7).
Зголемена издржливост
Вежбањето со тежина ја зголемува издржливоста, брзината и количината на енергија и напор кои ги вложувате за да истрчате 2 км за 5 минути (економија на трчање) (8, 9).
Една студија од 2013 покажала дека вежбањето со поголема тежина ја подобрува економијата на трчање повеќе отколку вежбањето со помали тежини (10).
Се бори со стареењето
Луѓето кој не се активни може да изгубат 3 до 8 проценти од мускулната маса на секој 10 години. Губењето на мускулна маса е поврзано со зголемен ризик за смрт кај мажите (11).
Вежбањето со тежина ја зголемува мускулната маса и помага при успорување на губењето мускулна маса при стареењето. Исто така ги зацврстува коските и спречува појавување на остеопороза кај жените кои се во менопауза (12).
One Reply to “Седум придобивки од вежбањето со тежина”