Бидејќи сите сме многу зафатени, многу тешко можеме да најдеме доволно време за редовно вежбање. Секој од нас има различни обврски во текот на денот и тие додатно ни отежнуваат да најдеме време за вежбање.

И покрај тоа што сме многу зафатени, вежбањето треба да биде дел од нашиот ден бидејќи има огромен број на придобивки за нашето физичко и ментално здравје.

Вежбање наутро

Вежбањето наутро има многу придобивки, а една од најважните е што ќе го започнете денот со ендорфини кои ќе ви дадат добро чувство бидејќи сте завршиле обврска која многу луѓе нема да ја завршат во текот на целиот ден.

Неколку истражувања покажуваат дека вежбањето наутро е одличен начин да се почне денот. Една студија која разгледува како жените реагирале на храна веднаш по брзо одење 45 минути наутро покажала дека учесниците биле помалку фокусирани на слики од вкусна храна кога вежбале отколку кога не вежбале наутро (1).

Исто така покажала и дека на деновите кога вежбале наутро, нивната физичка активност се зголемила и во текот на денот во споредба со деновите кога не вежбале. Уште една придобивка од вежбањето наутро е побрз метаболизам кој согорува калории во текот на целиот ден.

Други истражувања покажуваат дека вежбањето навечер може да ви го попречи режимот на спиење бидејќи при вежбање се зголемува срцевата фреквенција и температурата на телото. Тоа значи дека може да ви биде потешко да заспиете откако сте вежбале (2).

Последното истражување кое покажува дека вежбањето наутро е подобро, открива дека вежбањето на празен стомак согорува повеќе маснотии. Учесниците во студијата успеале да согорат 20% повеќе мастно ткиво кога вежбале на празен стомак наутро(3).

вежбање наутро

Вежбање попладне и навечер

Иако изгледа дека наутро е подобро да се вежба, вежбањето попладне и навечер има свои придобивки.

Една студија покажала дека нашето тело најдобро функционира поручек и тогаш може да постигне максимални резултати. Ова се случува бидејќи температурата на телото се зголемува во текот на денот со што се оптимизира функционалноста и силата на мускулите како и активноста на ензимите, издржливоста и перформансот (4).

Температурата на телото е највисока меѓу 14:00 и 18:00 часот што значи дека вашето тело е најспремно за вежбање во овој период од денот.

Исто така кинетиката на апсорпија на кислород е побрза навечер што значи дека телото ги користи ресурсите побавно и поефикасно отколку наутро. Вежбањето попладне и навечер е добро доколку тренингот вклучува движења за кои е потребна брза реакција бидејќи реакциите се многу побрзи во овој временски период.

вежбање навечер

Заклучок

Иако научните факти се контрадикторни за кој дел од денот е подобро да се вежба, една работа е сигурна: вежбањето е важно без разлика на периодот од денот. Најважно е да најдете време во денот кое ви одговара и да се придржувате до него. Ако константно вежбате во исто време ќе имате многу подобри резултати, а тоа е она што е најважно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *