Вежбањето се дефинира како секое движење кое ги активира мускулите и го принудува телото да согорува калории.
Редовното вежбање е поврзано со многу здравствени придобивки на физичко и психичко ниво, а исто така може да ви помогне и да живеете подолго (1).

Може да ве направи посреќни
Вежбањето може да ви го подобри расположението и да ги намали чувствата на депресија, анкциозност и стрес (2).
Додека вежбате се случуваат позитивни промени во пределот на мозокот кој е задолжен за регулирање на стресот и анкциозноста, а исто така ја зголемува чувствителноста кон хормоните серотонин и норепинефрин кои ги намалуваат чувствата на депресија. Вежбањето, исто така го зголемува и производството на ендрофини кои се поврзани со креирање на позитивни чувства и намалување на прецепцијата за болка (1).
Помага со губење на вишокот килограми
За биде појасна поврзаноста меѓу вежбањето и намалувањето на тежината, мора прво да се објасни врската меѓу вежбањето и трошењето на енергија.
Нашето тело троши енергија на следниве три начини: при варење на храната, при вежбање и при одржување на телесните функции како што е чукањето на срцето и дишењето.
Кога сте на диета и внесувате помалку калории вашиот метаболизам ќе се забави што всушност го продолжува процесот на губење тежина. Вежбањето пак го забрзува вашиот метаболизам и така му помага на вашето тело да согори повеќе калории и да ги намали вишокот килограми (3, 4, 5, 6).
Здраво е за коските и мускулите
Вежбањето има витална улога во развојот и одржувањето на здрави мускули и коски.
Физичката активност како кревањето тегови го стимулира растот и зајакнувањето на мускулите кога напоредно се внесуваат и адекватен број на протеини. Вежбањето го стимулира лачењето на хормони кои ја зголемуваат способноста на мускулите да апсорбираат амино киселини кои им помагаат на мускулите да растат, а воедно го намалуваат и нивното деградирање (7, 8).
Вежбањето ја зголемува и густината на коските додека сме млади, а кај постарите лица помага во превенцијата на остеопороза (9).
Може да ви ја зголеми енергијата
Едно истражување кое траело 6 недели во кое учествувале 36 здрави лица кои пријавиле дека се чувствуваат константно заморени покажало дека чувството на замор значително се намалило откако испитаниците почнале со редовно вежбање (10).
Вежбањето исто така може и да ги подобри симптомите и да ја зголеми енергијата кај луѓе кои страдаат од хроничен замор и други сериозни заболувања (11, 12).
Го намалува ризикот од хронични заболувања
Примарната причина за хронично заболување е недостатокот од редовно вежбање (13).
Редовното вежбање покажало дека може да ја подобри чувствителноста на организмот на инсулин, да го подобри кардиоваскуларното здравје, да ја подобри композицијата на телото и да го намали крвниот притисок заедно со нивото на маснотии во крвта (14, 15, 16, 17).
Помага за поздрава кожа
Здравјето на кожата зависи од нивото на оксидативен стрес во телото кои се манифестира кога антиоксидансите во телото не можат да постигнат целосно да ја поправат штетата од слободните радикали. Ова предизвикува оштетување во структурата на кожата.
Редовното рекреативно вежбање може да помогне во креирањето на природните антиоксиданси во телото и со тоа да помогне при заштита на клетките (18, 19).
Ја подобрува меморијата и здравјето на мозокот
За почеток, вежбањето ја зголемува срцевата фреквенција со што ја подобрува циркулацијата на крв и кислород до мозокот. Истовремено ја стимулира продукцијата на хормони кои го имаат функција да ги зголемат мозочните клетки.
Редовното вежбање е особено важно за постарите, бидејќи стареењето комбинирано со оксидативниот стрес и воспаленијата може да ја наруши нормалната структура на мозокот и неговото функционирање (20, 21).
Вежбањето, исто така го зголемува хипокампусот, делот од мозокот кој е најважен за меморија и учење со што се подобрува функцијата на мозокот кај повозрасните (22, 23, 24).
Може да помогне да се релаксирате и да спиете подобро

Редовното вежбање помага полесно да се опуштите и да спиете подобро (25, 26).
Подобрувањето на квалитетот на спиењето се случува поради тоа што трошите енергија која ги стимулира регенеративните процеси кои се активираат при спиење (27).
Едно истражување покажало дека 150 минути активност со среден или висок интензититет го подобрува квалитетот на спиење до 65% (28).
Ја намалува болката
Вежбањето може да ја намали хроничната болка (29).
Неколку студии покажуваат дека вежбањето успешно ја контролира болката поврзана со разни здравствени проблеми како на пример: хронични болки во долниот предел на грбот, болки во рамото и фибромијалгија (30).
Фичичката активност, исто така може и да ја зголеми толеранцијата на болка (31, 32).
Го подобрува сексуалниот живот
Редовното вежбање може да го подобри и либидото (33).
Вежбањето го зајакнува кардиоваскуларниот систем, ја подобрува циркулацијата, ги затегнува мускулите и ја подобрува еластичноста. Се ова позитивно влијае на сексуалниот живот (33, 34).
Физичката активност позитивно влијае и врз сексуалниот перформанс и уживање, а може да ја зголеми и фреквенцијата на сексуалната активност (35).
Една студија во која учествувале група на жени над 40 години покажала дека жените почестно доживувале оргазам откако почнале со редовни вежби вклучувајќи спринтови и кревање тегови (36).
Друга студија во која учествувале 41 маж покажала дека со едноставна физичка активност од шест минути одење ги намалува симптомите на еректилна дисфунцкија (37).
11 Replies to “Десет придобивки од редовно вежбање”