Најчести причини зошто не губите онолку килограми колку што сте очекувале се:
- Намалувате од мастите без да изгубите килограми
- Внесувате премногу калории
- Не внесувате доволно протеини
- Не внесувате целосна храна (whole foods)
- Не вежбате доволно
- Внесувате многу шеќери
- Не пиете доволно вода
Во оваа статија:
Ако се храните здраво и редовно вежбате, но не успевате да ги намалите вишокот килограми може да е бидејќи вашето тело се спротиствавува на промената и време е да ја смените стратегијата.

Намалувате од мастите без да изгубите килограми
Често се случува кога ќе застанете на вага, бројката да биде иста неколку денови или недели по ред но тоа не значи дека не намалувате од вишокот масти. Со редовно вежбање се зголемува мускулната маса, а се намалуваат маснотиите во телото во исто време особено ако покрај вежбањето сте почнале и со диета на протеинска база (1, 2).
Внесувате премногу калории
Многу луѓе имаат потешкотии да ги намалат вишокот килограми бидејќи внесуваат премногу калории. Ова се случува од неколку причини:
- Не следење на што внесувате во текот на денот
Неколку истражувања покажале дека следење на храната што ја внесувате во текот на денот помага во намалувањето на вишокот килограми (3, 4). Луѓето кои ги запишуваат калориите во дневник или ја сликаат храната што ја јадат, губат повеќе килограми од оние кои не го прават тоа (5, 6). - Неконтролирано јадење
Овој начин на јадење е всушност она кога брзо јадеме голема количина на храна, најчесто повеќе од што му е потребно на нашето тело. Дури и кога јадеме релативно здрава храна, овој начин на јадење ве спречува да ги намалите вишокот килограми (7). - Пребрзо јадење
Јадењето на брзи оброци станува се почесто поради се побрзиот начин на живот. Сепак бројни истражувања покажале дека поспорото јадење ќе направи да се чувствувате сити побрзо и ќе ви помогне во намалувањето на вишокот килограми (8, 9, 10).
Не внесувате доволно протеини
Протеините се многу важни и помагаат при намалувањето на вишокот килограми. Неколку истражувања покажале дека високо-протеинските диети помагаат при намалувањето на килограмите и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања (11).
Внесувањето на протеини помага со тоа што прави да се чувствувате сити подолго време и ја регулира енергијата која се троши при одмарање (Resting Energy Expenditure (REE)) делумно поради ефектот кој протеинот го има врз хормоните кои поттикнуваат апетит како што е грелин (11, 12).
Не внесувате целосна храна (whole foods)
Квалитетот на храната е исто така важен како и квантитетот. Внесувањето на целосна храна (whole foods) може да ви го подобри здравјето и да помогне со регулирање на апетитот. Целосните храни најчесто повеќе заситуваат отколку процесираната храна (12, 13).
Не вежбате доволно
Редовното вежбање помага при намалувањето на вишокот килограми. Аеробното вежбање и вежбањето со тежина како кревањето тегови се покажале како многу ефективни во бројни истражувања (14).
Внесувате многу шеќери
Засладените напитоци придонесуваат до зголемувањето на телесната тежина бидејќи мозокот не компензира за тие калории со тоа што ве тера да јадете помалку (15).
Овде не спаѓаат само пијалоци како Кока Кола и Пепси туку сите оние кои имаат додаден процесиран шеќер во нив па дури и некои пијалоци кои се рекламираат како „здрави“.
Не пиете доволно вода
Пиењето вода може да помогне со намалување на вишокот килограми бидејќи кога сте адекватно хидрирани вашиот метаболизам е побрз (16).
Анализа од пет истражувања пронашла дека испитаниците изгубиле 5.15% вишок килограми поради зголемен внес на вода. Во една од тие пет истражувања, испитаниците пиеле вода наместо калорични пијалоци (17).