Генерално дневната доза витамин Д е (1):
- 400 IU (10 mcg) за бебиња меѓу 0-12 месеци.
- 600 IU (15 mcg) за деца и возрасни, 1-70 години.
- 800 IU (20 mcg) за постари од 70 години, бремени жени и жени кои дојат.
Иако адекватните нивоа се околу 20 ng/ml, многу експерти веруваат дека нивоата на витамин Д во крвта треба да бидат повеќе од 30 ng/ml за оптимално здравје и заштита од зарази (2).
Исто така многу од нив веруваат дека препорачаната дневна доза е премногу ниска и дека треба да биде многу поголема за да се искористат придобивките од витаминот Д (3).
Според Американската Национална Академија за Медицина, безбедната горна граница на дневна доза витамин Д е 4000 IU (100 mcg) (4).

