Beyond групата е формирана во 2006та година и е првата група која почнала да се занимава со паркур во нашата земја. Целта на нашата група е запознавање на луѓето со овој спорт/дисциплина, а воедно и ширење на оваа култура кај нас преку организирање на разни работилници за почетници, собири на кои се разменуваат искуства и отворени тренинзи.

