Може многу да се дебатира на темата: Дали аеробното или анаеробното вежбање е подобро за вашето здравје?
Аеробното вежбање како што е одењето, возењето велосипед и трчањето го раздвижуваат вашето тело, го забрзуваат дишењето и го зголемуваат протокот на крв во телото. Вакво ниво на активност може да се одржи подолг временски период.
Анаеробното вежбање како што е изведувањето на спринтови, кревањето тегови и други интензивни активности го користат вашиот максимум и не можат да се изведуваат многу долго.
Двата типа на вежбање имаат свои предности и најдобро е да ги комбинирате во вашиот тренинг за губење на вишокот килограми.

Разликата меѓу аеробни и анаеробни вежби
Разликата меѓу овие два типа на вежбање е во нивоата на кислород.
Во аеробното („со кислород“) вежбање мускулите имаат доволно кислород за да произведуваат енергија која е потребна за изведување на движењето. Во анеробното вежбање („без кислород“) потребата од кислород е поголема од што нашето тело може да обезбеди и поради тоа не може да произведе онолку енергија колку што е потребно. Ова придонесува до производство на лактат и евентуален прекин на вежбата.
Кој вид на вежбање е подобар за намалување на маснотиите?
Аеробното вежбање најчесто е со слабо до умерено темпо на изведба. Овој вид вежбање ги активира мускулите на начин кој е одличен за кардиоваскуларниот систем и подобрување на мускулната издржливост. Аеробното вежбање користи поголем процент од мастите во телото, но вкупниот износ на потрошена енергија на при вежби со низок интензитет е помал отколку при изведба на анаеробни вежби за ист временски период. Ова значи дека на повеќе луѓе ќе треба да изведуваат аеробни вежби подолг временски период за да значително ги намалат вишокот килограми што најчесто резултира со плато и застој во напредокот. Поради тоа најдобро е да се комбинираат аеробно и анаербно вежбање за да се постигнат одлични резултати во релативно краток временски период.
Анаеробното вежбање најчесто се изведува во вид на интервален тренинг со висок интензитет (HIIT) во кој се менуваат вежби со висок интензитет и интервали за одмор. Анаеробното вежбање од овој тип има неколку придобивки и тоа:
Штеди време
Доколку често немате многу време за вежбање поради секојдневните обврски, овој вид на тренинг е одличен за вас. Со HIIT вежби ќе ги изморите мускулите и ќе потрошите огромен број на калории кои ќе придонесат до намалување на маснотиите во вашето тело.
Забрзан метаболизам
Ќе ја зголемите мускулната маса а со тоа и ќе го забрзате метаболизмот. Бидејќи HIIT вежбите ги користат мускулните влакна кои брзо се грчат за да изведат вежби како што се кревање тегови или спринтање вашата мускулна маса ќе се зголеми. Ова значи дека метаболизмот ќе ви стане побрз бидејќи мускулите трошат повеќе калории отколку масните наслаги.
„Afterburn“ ефект
Овој ефект научно е познат како прекумерна потрошувачка на кислород после вежбање (Excess post-exercise oxygen consumption (EPOC)) и се однесува на количината на кислород која му е потребна на телото за да се врати во состојба на одмор. HIIT тренинзите ја стимулираат оваа потрошувачка бидејќи при изведувањето на вежбите внесувате повеќе кислород и притоа се креира поголем дефицит кој мора да се надокнади после вежбањето. Тоа значи дека ќе продолжите да согорувате калории и откако ќе завршите со тренингот.
Извори:
Aerobic Exercise. (2011, September 30)
Metabolism and weight loss: How you burn calories
Why does lactic acid builds up in muscles? And why does it cause soreness?