Петдневниот интермитентен пост само со вода може да доведе до значително намалување на телесната тежина, крвен притисок и нивоа на инсулин, што може да биде позитивно за некои луѓе. Сепак, постојат и потенцијални ризици, како што е зголемување на липидите во крвта и стрес на црниот дроб и бубрезите. Затоа, овој метод не се препорачува за лица со хронични заболувања на овие органи. Секогаш е најдобро да се консултирате со лекар пред да започнете со ваква диета.
Во оваа статија:
Ги следиме трендовите кои што се наметнуваат како мода помеѓу младите и пробуваме да одговориме дали воопшто ваквиот тип на диета или фастинг е медицински издржан и дали ваквиот пристап на диета има здравствен бенефит за вашето тело.
Фастингот или диетата претставува воздржување од храна или пијалок или и двете поради здравствени, религиозни или етички цели. Воздржувањето може да биде целосно или делумно, долготрајно, краткотрајно или периодично. Фастингот е промовиран и практикуван низ годините од антички времиња до ден денешен низ целиот свет од лекари, од основачите и следбениците на многу религии, и од поединци или групи како израз на протест против она што тие го веруваат се прекршување на социјалните, етичките или политичките принципи.

Медицински фастинг
Фастингот терапевтски се практикува од 5 век п.н.е., кога грчкиот лекар Хипократ препорачал апстиненција од храна или пијалоци за пациентите кои покажале одредени симптоми на болест. Некои лекари препознале инстинкт на постот, според кој пациентите во одредени состојби на болеста природно доживуваат губење на апетитот. Некои лекари веруваа дека давање храна за време на такви состојби е непотребно, а можеби дури и штетно, дури се смета дека фастингот е важен природен дел од процесот на закрепнување.
Разбирањето на физиолошките ефекти на фастингот започнало да се развива во вториот дел од 19 век, кога некои од првите организирани студии за постот биле спроведени кај животни и луѓе. Во 20 век, како што се повеќе се знаело за исхраната и нутриционистичките потреби на човечкото тело, методите на постот станале сè пософистицирани и се појавиле широк спектар на пристапи. На пример, фастингот се користел како третман и како форма на превенција на болести и се спроведувал во различни услови (на пример, во болница или клиника или дома). Некои методи на постот, особено оние што се применуваат за лекување на хронични болести, траат и по повеќе од еден месец, дозволуваа конзумирање само вода или чај без калории и вклучуваа вежбање и клизма. Други методи, генерално познати како модифициран пост, дозволено е внесување од 200 до 500 килокалории дневно (дневните калориски потреби на возрасните се движат од околу 1.600 до 3.000 килокалории, во зависност од полот, возраста и нивото на активност) и понекогаш вклучуваат психолошки или духовна терапија; во зависност од конкретниот метод што се користи, калориите обично биле во форма на леб, супа од зеленчук, овошен сок, мед или млеко. Интермедиентниот фастинг или пост се разликува многу нискокалорична диета, која дозволува до 800 килокалории дневно и обично има за цел да предизвика значително губење на тежината. Интермитентниот фастинг или пост вклучува циклични периоди на ограничување на калориите, како што е 24-часовен пост, проследен со 24-часовен период на редовна потрошувачка на калории.
Се до 21 век студиите за интермитентниот повеќе часовен/ дневен фастинг не се во целост јасни, иако една од студиите спроведена во Шангај од страна на “XiaoMei Technology Co.,Ltd., Shanghai”
не доведе до следните податоци:
Во периодот на 5 дневниот интермедиетен фастинг може да дојде до значително намалување на телесната тежина од 3,5 кг до 6кг, намалување на обемот на половината дури до 10 цм како и намалување на индексот на телесната маса или ( BMI ) за 1,5 кг/м2.
По 5 дневниот пост и продолжување со нормално хранење по 1 месец, по враќање на нормалните секојдневни активности, телото почнува да го завзема првобитниот изглед но телесната тежина, обемот на половината и БМИ сè уште беа пониски од основното ниво . Една од клучните придобивки при овој 5 дневен фастинг е значителното намалување на крвниот притисок, кај пациенти со утврдена примарна хипертензија без јасно утврдени патолошки механизми поради кои се јавила примарната хипертензија, доаѓа до нормализирање на крвниот притисок.
Инсулинот бележи пад приближно 2,8 пати пониско од основното ниво за време на постот само со вода . Факторот на раст слично како и инсулинот (IGF-1) ќе се намали за вкупно 26% за време на постот само со вода. Исклучително важно, како метаболна промена која се случува при 5 дневниот пост е намалување на Бројот на помагачки Т-клетки, ЦД4+Т-клетки, ЦД8+Т-кл, овие клетки се директно одговорни да му помогнат на телото да го следи и да го пронајде патогениот организам со кој се соочува човекот и да му помогнат да на имунитетот полесно да се справи со некое заболување, додека Спротивно на тоа, фреквенцијата на регулирачките Т клетки значително се зголемува за време на постот, овие клетки се одговорни за воспоставување на основна хомеостаза во организмот, за регулирање на предвремено и прекувремено реагирање на имуниот систем како и антивоспалително дејство. Нивото на регулирачките Т клетки и по три месеци од фастингот го надминува основното ниво на истите пред да се случи оваа промена. Што се однесува до тироидните хормони, Т4 брзо се зголемува за време на постот, додека Т3 и TSH се намалуваат. Намаленото ниво на Т3 за време на постот само со вода е од особено значење бидејќи ниското ниво на Т3, без нарушување на функцијата на тироидната жлезда, е силно поврзано со долговечноста,процесите на стареење но и низа други процеси преку кои се регулира базалниот метаболизам.
Важно е да се напомене дека при 5 дневниот пост се случувааат значителни проемни во продукција и промена на кетонските тела како и значителни промени во кребсовиот циклус (кребсовиот циклус, е циклус во кој телото по низа метаболни промени, клетките во телото успеваат да ја набават потребната енергија за нивно функционирање) . По направената студија и утврдената промена на кребсовиот циклус всушност е докажано дека гликолизата како процес е инхибирана односно намалена, ова значи дека разложувањето на шеќерите во телото е намалено.
Понатамошните анализи по 5 дневниот пост укажуваат на тоа дека липидите во телото, вклучувајки го нивото на триглицери, холестерол и неестрифицирани масни киселини, значително се зголемуваат, се зголемуваат и липопротеините со ниска густина
(LDL ) или народски познат и како лош холестерол, додека липопротеините со висока густина или (HDL) или уште народски познат како добар холестерол значително се намалува за време на постот, ова е директен доказ дека всушност и ваквиот метод на испостување на телото можеби и не е така здрав, и строго се забранува кај пациенти кои што имаат дислипидемии или болести асоцирани со метаболизмот на масти.
Ова зголемување на нивоата на масни киселини, се добива како продукт од метаболизирањето на масните ткива, кои всушност се метаболен продукт на самата оксидација или потребата на телото да се храни како што напоменавме погоре. Важна придобивка од овој пост и потребата на телото да се исхранува од мастите е производството на кетонски тела, зголеменото производство на кетонски тела како метаболен продукт поточно β-хидроксибутират првенствено го забавува процесот на стареење но помага и не штити од оксидативен стрес
( оксидативен стрес е процес во телото во кој не може да дојде до целосна детоксификација на слободните радикали што активира низа каскадни процеси кои делуваат деструктивно во телото и се причинител за многу болести како астма рак итн.)
Ваквото големо зголемување на кетонските тела, како што е β-хидроксибутиратот, е пообемно за време на постот само со вода во споредба со делумното ограничување на калориите и диетата имитирачка на постот. Понатаму, серумските нивоа на циркулирачките амино киселини(валин и леуцин) значително се зголемуваат додека аланин, главната глуконеогена амино киселина, се намалува за време на постот. Резултатите покажуваат дека клеточниот извор на гориво се променил од гликоза во кетонски тела, липиди и протеини, што укажува на метаболичка флексибилност на човечкото тело за да одговара на побарувачката за енергија предизвикана од постот за одржување на виталните физички функции.
Но ваквата промена во телото укажува на прекумерна и забрзана функција на црниот дроб и бубрезите, затоа 5 денвниот интермитентен пост само со вода не се препорачува кај пациенти кои што имаат хронични заболување на црниот дроб или бубрезите.
Студијата укажува и на позитивни аспекти на постот во однос на психисоматското здравје кај пациентите, укажува на намалување на депресијата по 5 дневниот пост.
Заклучок
Како заклучок мора да се земе фактот дека самоиницираниот 5 дневен пост без консултација со вашиот лекар може да доведе до сериозни каскадни метаболни нарушувања, и покрај низата позитивни импликации врз вашето тело, изложувањето на неконтролиран и ненадеен 5 дневен пост може да предизвика шокова состојба во вашето тело, ова само ни дава јасен патоказ дека балансираната исхрана , балансираниот внес на калории преку текот на цела година е далеку поздрав и попрактичен одколку 5дневен интермидиетен фастинг.
Извори:
- Britannica, T. Editors of Encyclopaedia (2024, June 27). fasting. Encyclopedia Britannica. https://www.britannica.com/topic/fasting
- Jiang Y, Yang X, Dong C, Lu Y, Yin H, Xiao B, Yang X, Chen W, Cheng W, Tian H, Guo L, Hu X, Fang H, Chen W, Li Z, Zhou W, Sun W, Guo X, Li S, Lin Y, He R, Chen X, Liu D, Zhang M, Zhang Y, Zhao H, Zheng P, Seyfried TN, Hoffman RM, Jia W, Ji G, Jia L. Five-day water-only fasting decreased metabolic-syndrome risk factors and increased anti-aging biomarkers without toxicity in a clinical trial of normal-weight individuals. Clin Transl Med. 2021 Aug;11(8):e502. doi: 10.1002/ctm2.502. PMID: 34459130; PMCID: PMC8320652.