Simon S. Напишано од: Симон С. LinkedIn

Колку калории на ден ви се потребни зависи од возраста, физичката активност и други фактори. Жените со средна активност имаат потреба од 2000 калории дневно за одржување на тежината, додека активните жени и помладите имаат потреба од повеќе. Мажите имаат повисоки калориски потреби, особено активните и помладите. Децата исто така имаат различни потреби, зависно од нивната возраст и активност. Важно е да се внесува здрава храна за правилен раст и развој, без да се бројат калориите.

Table of Contents

Во оваа статија:

Подолу се средните вредности за мажи, жени и деца кои ги земаат предвид овие фактори (1).

Одговорот на ова прашање зависи од неколку фактори како што се возраст, висина, моментална телесна тежина, физичка активност и метаболичко здравје.
Кога пробувате да ја намалите телесната тежина, најчестото правило е да внесете околку 500 калории помалку од што му се потребни на вашето тело секој ден. Ова се вика калоричен дефицит и би намалувале околу 0.45кг на недела.

hrana na masa

Енергетска потреба за жени

Жените кои имаат средно ниво на физичка активност помеѓу 26 и 50 години треба да внесуваат околу 2000 калории на ден за да ја одржат телесната тежина, а околу 1500 калории на ден за да намалуваат 0.45кг секоја недела.

Жените кои се активни и одат повеќе од 5 километри на ден треба да внесуваат околу 2200 калории на ден за да ја одржат нивната телесна тежина, а околу 1700 за да намалуваат по 0,45кг секоја недела.

Помладите жени (20-25 години) имаат поголема потреба од повеќе калории и на нив им треба околу 2200 калории на ден за да ја одржат телесната тежина доколку имаат средно ниво на физичка активност.

Жените над 50 години им се потребни помалку калории, што значи дека за да ја одржат телесната тежина треба да внесуваат околу 1800 калории на ден, а за да ја намалат телесната тежина треба да внесуваат 1300 калории на ден.

Секако овие пресметки не се однесуваат за жените кои се бремени или доилки бидејќи тие имаат различни енергетски потреби.

Енергетска потреба за мажи

Просечниот маж кои има средно ниво на физичка активност помеѓу 26 и 50 години има потреба од околу 2600 калории на ден за да ја одржи телесната тежина, а 2100 калории на ден за да намалува по 0,45кг секоја недела.

Активните мажи кои одат повеќе од 5 км на ден имаат потреба од околу 2800-3000 калории на ден за да ја одржат телесната тежина, а за да ја намалат тежината треба да внесуваат меѓу 2300-2500 калории на ден.

Помладите мажи (19-25 години) имаат поголема потреба од калории. На нив им требаат околу 2800 калории на ден за да ја одржат телесната тежина, а околу 3000 доколку се спортски активни.

Мажите меѓу 46-65 години кои имаат средна физичка активност имаат потреба од околу 2400 калории на ден. Мажите над 66 години имаат потреба од околу 2200 калории на ден.

Енергетска потреба за деца

Децата имаат различни енергетски потреби кои зависат од нивната возраст, големина и физичка активност.

Просечните мали деца имаат потреба меѓу 1200-1400 калории на ден, а просечниот тинејџер со средно ниво на физичка активност има потреба од 2000 до 2800 калории на ден. Спортски активните машки тинејџери имаат потреба и од многу повеќе.

Децата кои растат и се развиваат нормално, а воедно и имаат редовна физичка активност најчесто немаат потреба од броење на калории. Нив им е потребна здрава храна од различен вид бидејќи повеќето од нив јадат онолку колку што е потребно за нивното тело.

Заклучок

Енергетските потреби на човекот зависат од возраста, физичката активност и други фактори. Жените со средно ниво на активност помеѓу 26 и 50 години треба да внесуваат околу 2000 калории на ден за да ја одржат телесната тежина, додека активните жени и помладите жени имаат потреба од повеќе калории. За мажите, просечната калориска потреба е околу 2600 калории дневно, а активните мажи и помладите имаат потреба од 2800 до 3000 калории. Децата имаат различни калориски потреби во зависност од нивната возраст и активност. За сите возрасни групи е важно да се внесува здрава и разновидна храна.

2 Replies to “Колку калории да внесувате на ден за да го намалите вишокот килограми”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *